Tuesday, December 2, 2014

Куче

Кучињата спаѓаат во еден вид цицачи. Постои различни расни на кучиња: хаски, леси, пудлица, дога, догааргентина, лабрадор и др. Повеќето кучиња се различни, се разликуваат по влакната некои имаат долги, некои кратки, потоа се различуваат по бојата, по очите и др. Кучињата се доста интелигентни и освен тоа што слижат како домашни миленици, исто така служат и како чувари на домовите. Влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па се до густи и рапави.  Иако се далеку од нив, кучињата имаат малку сличности со своите предци, волците. Кучињата покрај сѐ се предатори, што значи имаат оштри заби и цврсти вилици за напаѓање, гризање и кинење на својата храна.  Како повеќето цицачи, кучињата се дихромати и имаат црвено-зелен вид.  Некои раси, највеќе ртовите (загарите), имаат видно поле до 270° (споредувајќи го со видното поле оф 180° како што е на човекот), а всушност некои раси поточно тие со пократки носа имаа помало видно поле, скоро 180°. 







Зајак

Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во фамилијата зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антартикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 цм и тежина од 2 кг. Живее од 3 до 6 години. Сексуалната зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа 2 до 7 малечки, 4 до 5 пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкат е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје, кора од дрвја. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.